Thursday, December 4, 2014

Задача за портфолио за втора година - С++



АКТИВНОСТ ЗА ПОРТФОЛИО:


План на задачата

Идентификувај проблем од секојдневието кој може да се реши со компјутерска програма. Опиши го проблемот:

Зошто е овој проблем важен за тебе?

Објасни на кој начин работи твојата програма, преку опис на влезот, обработката и излезот на податоците.

Влезни податоци:


Обработка на податоците: Кои операции ги извршува програмата врз влезните податоци. Изрази го алгоритмот со употреба на природен јазик, псевдојазик и програмски јазик С++.

Излезни податоци:

Насоки:

а) Испечати го кодот.

б) Обележи ги местата во кодот кадешто е употребена:


  • Редоследна структура
  • Структура за избор
  • Структура за повторување
в) Испечати слики од екранот кадешто е прикажано извршување на програмата за различни вредности и резултатот кој притоа се добива.

г) Објасни на кој начин работи програмата.

д) Пополни го документот за рефлексија.

АКТИВНОСТ ЗА ПОРТФОЛИО: Рефлексија


Име и презиме _______________________Паралелка ______ Датум_______________

Одговори ги следните прашања детално и со наведување конкретни примери.

Проект

а) Што научи од овој проект?

б) Кои знаења и вештини сметаш дека се највредни?

в) Што би изменил во врска со овој проект?

г) Дали успеа да направиш продукт каков што посакуваше? Зошто или зошто не?

д) Како го организираше своето време. Како би можел да се подобриш?


ѓ) Што научи за себе (етичко работење, мотивација, креативност итн.)?


Оцени во која мера се согласуваш со наведените тврдења:

1 = воопшто не се согласувам
2 = делумно не се согласувам
3 = неопределен
4 = делумно се согласувам
5 = целосно се согласувам



Оцена (1-5)
Со задоволство работев на оваа задача.


Работејќи на задачата стекнав нови знаења.


Ги подобрив своите способности за планирање на времето.


Согледав како стекнатите знаења можам да ги применам во иднина.


Се подобри мојот став во однос на програмирањето.







Вкупно:




 

Квиз