АКТИВНОСТ
ЗА ПОРТФОЛИО:
План
на задачата
- Идентификувај проблем од секојдневието за кој може да се креира база на податоци. Базата мора да содржи барем 3 табели и барем 2 релации. Опиши го проблемот. Зошто е овој проблем важен за тебе?
- Нацртај шема на својата база на податоци. Наведи ги сите табели и релации, на крај претвори ја шемата во релациска.
- Според шемата креирај база во OpenOffice Base. Пополни ги табелите со по 20 записи. Креирај форма за секоја табела. Креирај 3 прашалници, од кои барем еден е сложен. Креирај извештај.
- Испечати слики од екранот кадешто е прикажана работата со твојата база на податоци. Испечати го извештајот.
- Пополни го документот за рефлексија.
АКТИВНОСТ ЗА ПОРТФОЛИО: Рефлексија
Име и презиме _______________________Паралелка ______ Датум_______________
Одговори ги следните прашања детално и со наведување конкретни примери.
Проект
а) Што научи од овој проект?
б) Кои знаења и вештини сметаш дека се највредни?
в) Што би изменил во врска со овој проект?
г) Дали успеа да направиш продукт каков што посакуваше? Зошто или зошто не?
д) Како го организираше своето време. Како би можел да се подобриш?
ѓ) Што научи за себе (етичко работење, мотивација, креативност итн.)?
Оцени во која мера се согласуваш со наведените тврдења:
2 = делумно не се согласувам
3 = неопределен
4 = делумно се согласувам
5 = целосно се согласувам
Оцена (1-5) Со задоволство работев на оваа задача.
Работејќи на задачата стекнав нови знаења.
Ги подобрив своите способности за планирање на времето.
Согледав како стекнатите знаења можам да ги применам во иднина.
Се подобри мојот став во однос на значењето на информатиката.