Tuesday, February 10, 2015

Мултимедија и компјутерска графика. Основни поими.

Мултимедија е начин на прикажување на одредена содржина со истовремено користење на текстови, слики, звуци, видео клипови и музика.
Мултимедијалните компјутерски програми имаат содржина која е комбинација од текстови, слики, фотографии, звуци, анимации,видео клипови и линкови.
Фајлот кој е креиран од звучни податоци се вика звучен или аудио фајл.
Аудио фајловите по својата содржина се звуци или песни. Најчести
формати на аудио фајлови се: WAV, OGG, MID, MP3, WMA, CDA и други.

Фајлот кој е креиран од видео податоци се вика видео фајл. Видео фајловите по својата содржина се видео клипови или филмови. Најчести
формати на видео фајлови се: MOV, WMV, DIVX, AVI, MPEG, MPG и други.
 
Под слика се подразбира цртеж – слика што е цртана, или фотографија – слика што е создадена со фотоапарат.

Изработката, обработката и доработката на слики со компјутер се нарекува компјутерска графика.

Што е резолуција?

Компјутерските слики се составени од мрежа од мали квадратчиња наречени пиксели (pixel). Секој пиксел може да биде со
различна боја, со што се создаваат слики.
Бројот на пиксели на единица должина се нарекува резолуција.

Квалитетот на компјутерската графика зависи од резолуцијата. На следнава слика е прикажан ист цртеж со различни резолуции.


Кога резолуцијата е повисока, квадратчињата се поситни и сликата е појасна и поквалитетна. Кај сликите со висока резолуција
квадратчињата се толку ситни што воопшто не се забележуваат и наместо за квадратчиња обично зборуваме за точки.

Компјутерските слики можат да се зачуваат на компјутерот во различни формати. Форматот на сликата најчесто зависи од програмата во која е
изработена. Но може и самиот корисникот да ја зачува на сликата во различни формати.
Најпознати формати на слики се следниве:
♦♦ bmp – користи неограничен број бои, но зафаќа многу простор на дискот;

♦♦ gif – користи до 256 бои и зафаќа помалку простор на дискот;

♦♦ jpg – користи неограничен број бои, зафаќа најмалку простор на дискот, но сликите се со намален квалитет.

Програмите за компјутерска графика можат да бидат наменети за цртање, за обработка на готови фотографии, за анимација, за 3Д-графика итн.
Најпознати програми за компјутерска графика се: Paint, Photoshop, CorelDRAW, Flash и други.

Под оперативниот систем Edubuntu за цртање се користат програмите GIMP и OpenOffice.org Draw.

Типови на компјутерска графика

1) 2D И 3D ГРАФИКА

Компјутерската графика може да биде 2D - дводимензионална или 3D -тродимензионална. Тродимензионалните слики имаат сенки и ефекти кои
ги прават реални, за разлика од дводимензионалните.

2) Компјутерската графика може да биде:
• бит мапирана графика и
• векторска графика.

Постои разлика помеѓу овие два типа на графика, но секој тип има свои предности и недостатоци.

БИТ-МАПИРАНА ГРАФИКА

Бит мапираните слики може да се замислат како мапа од квадратчиња - точки, т.е. пиксели. Бројот на точки-пиксели може да биде со стотици, илјадници, милиони.
и тие се видливи само ако сликата е зголемена.
Бојата на секоја точка во сликата може да се менува и на тој начин многу прецизно може да се создава, менува и поправа изгледот на битмапираната слика.

Вежба; Во програмата Paint нацртај 5 пиксели и обои ги во различни бои.
Помош: Искористи ја алатката за зголемување(зумирање) и со користење на моливчето обележи 5 различно обоени точки. Секоја ваква точка претставува пиксел.

ВЕКТОРСКА ГРАФИКА

Векторските слики се креирани од голем број точки, линии и полигони, кои се дефинирани со посебни математички формули.
Затоа промената на изгледот на векторските слики се прави потешко затоа што е тешко да се менува изгледот на големиот број објекти.

Но затоа пак, векторските слики можат лесно да се зголемуваат и смалуваат без да изгубат од својот квалитет.
Програми за работа со векторска графика се Adobe Illustrator, Corel Draw, Adobe Flash и др.
















Квиз