Кај сите програми кои ги разгледавме досега, наредбите кои требаше да се извршат ги пишувавме во една функција - main(). Тоа е основниот дел кој го содржат сите програми - main() e првата функција која се повикува при стартот на една програма напишана во програмскиот јазик C++.
Практично гледано, функциите претставуваат множества наредби кои се извршуваат при секој нивен повик. Повик на одредена функција претставува наредба до процесорот за запирање на тековното извршување на наредби, запишување на моментната локација во програмата и повикување на соодветната функција. По завршување на повиканата функција, програмата продолжува со извршување од местото од каде е функцијата повикана.
Основната синтакса за креирање на функции е следната:
tip ime(parametar1, parametar2, parametar3, parametar4, ...)
{
naredba1;
naredba2;
naredba3;
.....
naredbaN;
}
{
naredba1;
naredba2;
naredba3;
.....
naredbaN;
}
пр. Функција за пресметување на збирот на два цели броја а и b.
int zbir (int a, int b)
{
int s;
s=a+b;
return (s);
}
пр. Повикување на функцијата zbir од главната програма.
#include <iostream> using namespace std;
int zbir (int a, int b) { int s; s=a+b; return (s); }
int main () { int z; z = zbir (5,3); cout << "Zbirot iznesuva " << z; return 0; }
пр. Пример за функција со void, ако функцијата не враќа резултат
#include <iostream>
using namespace std;
void poraka ()
{
cout << "Jas sum funkcija!";
}
int main ()
{
poraka ();
return 0;
}