За да може да ги користиме овие функции, потребно е вклучување на соодветната датотека од библиотеката на C++ која ги содржи нивните дефиниции (со користење на директивата "#include <cmath>").
| функција | значење |
|---|---|
| sin(x) | Синус од аголот X (претставен во радијани) |
| cos(x) | Косинус од аголот X (претставен во радијани) |
| tan(x) | Тангенс од аголот X (претставен во радијани) |
| asin(x) | Инверзна операција од sin(x). Резултатот е вредност (агол) изразен во радијани. |
| acos(x) | Инверзна операција од cos(x). Резултатот е вредност (агол) изразен во радијани. |
| atan(x) | Инверзна операција од tan(x). Резултатот е вредност (агол) изразен во радијани. |
| atan2(y, x) | Аркус тангенс од y/x. Резултатот е вредност (агол) изразен во радијани. Функцијата го користи знакот на двата аргументи (x и y) за одредување на квадрантот. |
| exp(x) | Вредноста на изразот ex, каде e=2.718281828 (основа на природен логаритам) |
| log(x) | Природен логаритам (со основа e) од x. |
| log10(x) | Логаритам (со основа 10) од x. |
| pow(x, y) | Вредноста на изразот xy (x на степен y). |
| sqrt(x) | Квадратен корен од x. |
| ceil(x) | Најмалиот цел број што не е помал од x - ceil(4.3) = 5 |
| floor(x) | Најголемиот цел број што не е поголем од x - floor(4.8) = 4 |
| fabs(x) | Апсолутна вредност од x |