Процес на изработка на една програма



Процесот на изработка на една програма се состои од следните чекори:






Чекор 1: Дефинирање на проблемот кој сакате да го решите.


Овој чекор е всушност поставување на задачата. Ова е најлесниот чекор, се што ви е потребно е идеја која може да се дефинира и веќе сте подготвени за следниот чекор.


Чекор 2: Пишување алгоритам за решавање на проблемот.


Ова е најважниот чекор во решавање на софтверските проблеми. За секој проблем, најчесто постојат повеќе решенија, но некои од нив се добри, а некои не се. Често програмерите го прескокнуваат овој чекор и веднаш поминуваат на пишување на кодот на програмата, што најчесто резултира со лошо решение.


Чекор 3: Пишување програма


За да напишеме програма потребни ни се две работи. Прво ни треба познавање на некој програмски јазик и второ ни треба едитор *уредувач на текст). За да напишеме програма можеме да го користиме било кој едитор како што се во Windows - notepad или во Linux - gedit. Меѓутоа, препорачливо е да се користи едитор наменет за кодирање. Ваквите едитори содржат алатки кои го олеснуваат програмирањето.


Вашите C++ програми треба да ги именувате ime.cpp, кадешто ime iсе заменува со името на вашата програма. Наставката .cpp му кажува на компајлерот дека тоа е C++ изворен код на програма и содржи C++ наредби. Некои програмери употребуваат наставка .cc наместо .cpp, но препорачливо е сепак да употребувате .cpp.


Покомплексните C++ програми содржат повеќе .cpp фајлови. Можно е да се напише програма која ќе содржи десетици, па дури и стотици .cpp фајлови.


Чекор 4: Компајлирање


За да можеме да компајлираме програми потребен ни е компајлер (compiler). Компајлерот ја извршува следната работа:
1) Проверува дали во програмата има синтаксни грешки според правилата на C++ програмскиот јазик.
2) Го зема вашиот изворен код како влез и креира машински код – објектен фајл (object file) како излез. Објектните фајлови најчесто се именуваат ime.o или ime.obj, каде ime е истото име како и .cpp фајлот од кој е креиран.


Повеќетоt Linux и Mac OS X системи содржат C++ компајлер со име g++. За да го употребиме g++ за компајлирање фајл на командната линија треба да напишеме:


"g++" -c file1.cpp*


Со ова ќе се креира file1.o. Ознаката -c значи “compile only”, што му кажува на g++ само да креира .o фајл.


Постојат и други компајлери за Linux, Windows, и скоро сите други оперативни системи.


Чекор5: Поврзување


Поврзување(linking) е процес на комбинирање на сите објектни фајлови на програмата во една единствена извршна програма (executable).


Чекор 6: Тестирање и дебагирање


Доколку сте успеале да ја стартувате извршната програма, можете да тестирате дали ги дава очекуваните решенија. Доколку не е така, време е за дебагирање (отстранување на грешките во програмата).


Во чекорите 3, 4, 5, и 6 се употребува соодветен софтвер. Иако може да користите посебен софтвер за секој чекор, софтверскиот пакет познат како integrated development environment (IDE) ги спојува сите потребни програмчиња во една.































Квиз