Thursday, December 4, 2014

Задача за портфолио за прва година - С++

АКТИВНОСТ ЗА ПОРТФОЛИО:


План на задачата

Идентификувај проблем од секојдневието кој е поврзан со твојата струка и може да се реши со компјутерска програма. Опиши го проблемот:

Зошто е овој проблем важен за тебе?

Објасни на кој начин работи твојата програма, преку опис на влезот, обработката и излезот на податоците.

Влезни податоци:


Обработка на податоците: Кои операции ги извршува програмата врз влезните податоци. Изрази го алгоритмот со употреба на природен јазик, псевдојазик и програмски јазик С++.

Излезни податоци:

Насоки:

а) Испечати го кодот.

б) Испечати слики од екранот кадешто е прикажано извршување на програмата за различни вредности и резултатот кој притоа се добива.

в) Објасни на кој начин работи програмата.

г) Пополни го документот за рефлексија.

АКТИВНОСТ ЗА ПОРТФОЛИО: Рефлексија


Име и презиме _______________________Паралелка ______ Датум_______________

Одговори ги следните прашања детално и со наведување конкретни примери.

Проект

а) Што научи од овој проект?

б) Кои знаења и вештини сметаш дека се највредни?

в) Што би изменил во врска со овој проект?

г) Дали успеа да направиш продукт каков што посакуваше? Зошто или зошто не?

д) Како го организираше своето време. Како би можел да се подобриш?


ѓ) Што научи за себе (етичко работење, мотивација, креативност итн.)?


Оцени во која мера се согласуваш со наведените тврдења:

1 = воопшто не се согласувам
2 = делумно не се согласувам
3 = неопределен
4 = делумно се согласувам
5 = целосно се согласувам



Оцена (1-5)
Со задоволство работев на оваа задача.


Работејќи на задачата стекнав нови знаења.


Ги подобрив своите способности за планирање на времето.


Согледав како стекнатите знаења можам да ги применам во иднина.


Се подобри мојот став во однос на програмирањето.


Задача за портфолио за втора година - бази на податоци


АКТИВНОСТ ЗА ПОРТФОЛИО:
План на задачата
  1. Идентификувај проблем од секојдневието за кој може да се креира база на податоци. Базата мора да содржи барем 3 табели и барем 2 релации. Опиши го проблемот. Зошто е овој проблем важен за тебе?
  2. Нацртај шема на својата база на податоци. Наведи ги сите табели и релации, на крај претвори ја шемата во релациска.
  3. Според шемата креирај база во OpenOffice Base. Пополни ги табелите со по 20 записи. Креирај форма за секоја табела. Креирај 3 прашалници, од кои барем еден е сложен. Креирај извештај.
  4. Испечати слики од екранот кадешто е прикажана работата со твојата база на податоци. Испечати го извештајот.
  5. Пополни го документот за рефлексија.

    АКТИВНОСТ ЗА ПОРТФОЛИО: Рефлексија


    Име и презиме _______________________Паралелка ______ Датум_______________

    Одговори ги следните прашања детално и со наведување конкретни примери.

    Проект

    а) Што научи од овој проект?

    б) Кои знаења и вештини сметаш дека се највредни?

    в) Што би изменил во врска со овој проект?

    г) Дали успеа да направиш продукт каков што посакуваше? Зошто или зошто не?

    д) Како го организираше своето време. Како би можел да се подобриш?


    ѓ) Што научи за себе (етичко работење, мотивација, креативност итн.)?


    Оцени во која мера се согласуваш со наведените тврдења:

    1 = воопшто не се согласувам
    2 = делумно не се согласувам
    3 = неопределен
    4 = делумно се согласувам
    5 = целосно се согласувам



    Оцена (1-5)
    Со задоволство работев на оваа задача.


    Работејќи на задачата стекнав нови знаења.


    Ги подобрив своите способности за планирање на времето.


    Согледав како стекнатите знаења можам да ги применам во иднина.


    Се подобри мојот став во однос на значењето на информатиката.

Задача за портфолио за втора година - С++



АКТИВНОСТ ЗА ПОРТФОЛИО:


План на задачата

Идентификувај проблем од секојдневието кој може да се реши со компјутерска програма. Опиши го проблемот:

Зошто е овој проблем важен за тебе?

Објасни на кој начин работи твојата програма, преку опис на влезот, обработката и излезот на податоците.

Влезни податоци:


Обработка на податоците: Кои операции ги извршува програмата врз влезните податоци. Изрази го алгоритмот со употреба на природен јазик, псевдојазик и програмски јазик С++.

Излезни податоци:

Насоки:

а) Испечати го кодот.

б) Обележи ги местата во кодот кадешто е употребена:


  • Редоследна структура
  • Структура за избор
  • Структура за повторување
в) Испечати слики од екранот кадешто е прикажано извршување на програмата за различни вредности и резултатот кој притоа се добива.

г) Објасни на кој начин работи програмата.

д) Пополни го документот за рефлексија.

АКТИВНОСТ ЗА ПОРТФОЛИО: Рефлексија


Име и презиме _______________________Паралелка ______ Датум_______________

Одговори ги следните прашања детално и со наведување конкретни примери.

Проект

а) Што научи од овој проект?

б) Кои знаења и вештини сметаш дека се највредни?

в) Што би изменил во врска со овој проект?

г) Дали успеа да направиш продукт каков што посакуваше? Зошто или зошто не?

д) Како го организираше своето време. Како би можел да се подобриш?


ѓ) Што научи за себе (етичко работење, мотивација, креативност итн.)?


Оцени во која мера се согласуваш со наведените тврдења:

1 = воопшто не се согласувам
2 = делумно не се согласувам
3 = неопределен
4 = делумно се согласувам
5 = целосно се согласувам



Оцена (1-5)
Со задоволство работев на оваа задача.


Работејќи на задачата стекнав нови знаења.


Ги подобрив своите способности за планирање на времето.


Согледав како стекнатите знаења можам да ги применам во иднина.


Се подобри мојот став во однос на програмирањето.







Вкупно:




 

Wednesday, November 19, 2014

БАЗИ НА ПОДАТОЦИ

База на податоци е организирана целина на меѓусебно поврзани податоци кои се чуваат во една или повеќе табели во компјутерот.

Релациска база на податоци е база во која податоците се организирани по сличност во повеќе табели, а потоа табелите се поврзани меѓусебе за да се здружат податоците.

Табела е основен елемент за организирано чување на податоците во рамките на една база на податоци.

Податоците ги организираме по сличност.

Организирање на табелите:

Табелата претставува целина од редици и колони.

Еден ред кај релациската база на податоци претставува Запис(слог или record).

Секоја колона претставува Поле(field).

Фази при креирање на релациска база на податоци:
 






Wednesday, October 22, 2014

Низи во С++

Еднодимензионална низа се декларира со:

тип на елементите име[број на елементи];

Елемент на еднодимензионална низа се означува со:

име[индекс]

пр. int a[5];

Низата а има 5 елементи. Тие се означуваат со:
a[0] a[1] a[2] a[3] a[4]

Елементите се од тип integer, односно можат да добиваат целобројни вредности.

пр. float br[7];

Низата br има 57елементи. Тие се означуваат со:
br[0] br[1] br[2] br[3] br[4] br[5] br[6]

Елементите се од тип float, односно можат да добиваат реални вредности.

Индексот на елементите може да биде константа, променлива или израз од целоброен тип.

пр. d[i], a[b+c], niza[k]

Доделување на вредности на елементите:

Посебно за секој елемент:
пр. int a[4];
a[0]=1; a[1]=5; a[2]=2; a[3]=-4;

Со иницијализација при декларирање:

пр. int a[4]={1, 5, 2, -4};

пр. int b[10]={1, 2, 3};

елементите на низата ќе имаат вредности 1 2 3 0 0 0 0 0 0 0

пр. int c=3;
int d=2;
a[c+d]+=6;
На петтиот елемент му се зголемува вредноста за 6.

Задача1: Внесување и печатење на вредностите на елементите на низа.

#include <iostream>
using namespace std;

int main()
{
int a[5];
int i;
for (i=0;i<5;i++)
{
cout<<"a["<<i<<"]=";
cin>>a[i];
cout<<endl;
}
cout<<"Element Vrednost"<<endl;
for(i=0;i<5;i++)
cout<<i<<"\t"<<a[i]<<endl;
return 0;
}
Задача2: со користење на дадениот код, напиши програма за пресметување збир на вредностите на елементите на низата.

Со користење на наредбата за печатење направи петторед со наслов НИЗА.

Петторед:

Наслов (една именка) _______________________

Опис (две придавки) ______________ ______________

Активност ___________ _________ ___________
(три глаголи)

Чувство ________ _________ _________ ________
(фраза од
четири збора)

Повторен приказ на суштината _______________________




Пример за петторед:

вулкан
црвен врел
избувнува вжарува уништува
жежок данок на природата
пекол







Tuesday, April 8, 2014

Формули, функции и графикони во CALC


  1. Напредно користење на формули и функции.
  2. Напредна работа со графикони.





     

Квиз