Анимацијата претставува
брзо прикажување на секвенци од слики
во 2Д или 3Д со цел создавање на илузија
на движење.
Може да биде направена
или покажана на различни начини. Најчест
начин на креирање на анимација е преку
слики во движење или видео програма и
др.
Анимацијата денес е
присутна насекаде на телевизија, кино,
мобилни телефони, интернет итн.
Традиционална анимација
Традиционалната
анимација уште наречена рачно цртана
анимација бил процес на создавање на
анимирани филмови во 20 век. Анимацијата
се состоела од слики направени со
фотоапарат ( фотографии) или цртежи кои
што на почетокот биле цртани на хартија.
За да се добие илузија на движесе секоја
слика ( цртеж) да биде малку поразлична
од претходната.
Денес анимацијата се
создава со помош на компјутер. Постојат
повејќе компјутерски програми кои го
овозможуваат да се симулираат движења
и други ефекти на анимациите. Крајниот
анимиран продукт се поставува на различен
вид на медиум вклучувајќи го и
традиционалната 35 mm филмска лента како
и на новите медиуми како дигиталното
видео.
Stop motion
Stop-motion анимацијата е
вид на анимација која се креира со
физичка манипулација на реални објекти
и со нивно фотографирање на еден по еден
со цел добивање на илизија на движење
на дадените предмети. Постојат повејќе
видови на Stop motion анимација најчесто
наименувани според видот на медиум
користет за нивно креирање. Постојат
компјутерски програми кои помагаат во
тој процес.
Марионети анимација
е Stop-motion анимацијата во која се вклучени
фигури на марионети интегрирани помеѓу
себе во претходно креирана околина.
Марионетите имаа арматура во себе со
која се овозможува нивно правилно држење
како и можност за нивно движење во
одредени зглобови.
Глинена анимација
или анимација од пластелин користи
фигури направени од пластелин, глина
или слични на нив материјали со цел
креирање на Stop-motion анимација. Фигурите
може да имаат соодветна арматура или
рамка направена од жица поставена во
внатрешноста на фигурите и слично на
марионетите, фигурите можат да бидат
манипулирани со цел поставување во
потребната положба. Истот така фигурите
можат да бидат направени само од глина
каде што исите може да се преобразуваат
од една во друга форма.
Силуетна анимација
е вид на stop-motion анимација креирана со
движење на дводимензионални делови од
различни материјали како: хартија,
облека и сл. Во овој вид на анимација
најчесто силуетите се добиваат со задно
осветлување на дводимензионалните
фигури.
Модел анимација е
вид на stop-motion анимација во која што
фигурите кои се предмет на анимација
кореспондираат или се поставени во
реални ситуации со живи актери.
Графичка анимација
е направена од фотографии, исечоци од
весници, списанија итн.) кои се понекогаш
манипулирани кадар по кадар со цел да
се направи илузија на движење.
Компјутерска анимација
Овој вид на анимација
вклучува различни техники за кои
заедничко е тоа што анимацијата е
направена дигитално на компјутер.
Во овој вид на анимација
спаѓаат 2Д анимацијата и 3Д анимацијата.
2Д анимираните фигури
се направени на компјутер со користење
на 2Д векторски графики или 2Д битмап
графики.
3Д анимациите се дигитално
моделирани и манипулирани од страна на
автор аниматор. Со цел да се манипулира
со овој вид на фигури на истите им е
дадена дигитална структура на скелет
со чија помош се контролираат движењата.
Различни техники можат да бидат применети
како на пример математички функции,
симулации на кожа и коса, ефекти како
оган и вода. Многу од 3Д анимациите се
многу реалистични и често пати се
користени како визуелни ефекти во
денешните филмови.
Секоја
анимација има почетна и крајна точка
на временската оска. Почетната и крајната
точка се нарекуваат клучни кадри. Сите
слики помеѓу клучните кадри се варијации
со кои се премостува разликата меѓу
почетната и крајната слика.
Првиот
клучен кадар е почетната слика. Вториот
клучен кадар се одредува во зависност
од времетраењето на анимацијат. Ако
користите стандардни 12 слики во секунда,
а сакате да направите анимација со
времетраење од 3 секунди, клучниот кадар
ќе го поставите на 36та слика.