Thursday, March 19, 2015

GIMP-анимација-вежба1

ПАЃАЈ ПАЃАЈ БЕЛО СНЕЖЕ

1. Отвори слика во GIMP


2. Дуплирај ја сликата најмалку 7 пати


3. Исклучи ја видливоста на сите слоеви освен на оној на кој моментално работиш.


4. Со алатката четка нацртај снегулки на сликата.


5. Постапката повтори ја на секој од слоевите.


3. Зачувај како анимиран gif.


Tuesday, March 10, 2015

АНИМАЦИЈА


Анимацијата претставува брзо прикажување на секвенци од слики во 2Д или 3Д со цел создавање на илузија на движење.

Може да биде направена или покажана на различни начини. Најчест начин на креирање на анимација е преку слики во движење или видео програма и др.

Анимацијата денес е присутна насекаде на телевизија, кино, мобилни телефони, интернет итн.

Традиционална анимација
Традиционалната анимација уште наречена рачно цртана анимација бил процес на создавање на анимирани филмови во 20 век. Анимацијата се состоела од слики направени со фотоапарат ( фотографии) или цртежи кои што на почетокот биле цртани на хартија. За да се добие илузија на движесе секоја слика ( цртеж) да биде малку поразлична од претходната.

Денес анимацијата се создава со помош на компјутер. Постојат повејќе компјутерски програми кои го овозможуваат да се симулираат движења и други ефекти на анимациите. Крајниот анимиран продукт се поставува на различен вид на медиум вклучувајќи го и традиционалната 35 mm филмска лента како и на новите медиуми како дигиталното видео.

Stop motion
Stop-motion анимацијата е вид на анимација која се креира со физичка манипулација на реални објекти и со нивно фотографирање на еден по еден со цел добивање на илизија на движење на дадените предмети. Постојат повејќе видови на Stop motion анимација најчесто наименувани според видот на медиум користет за нивно креирање. Постојат компјутерски програми кои помагаат во тој процес.

Марионети анимација е Stop-motion анимацијата во која се вклучени фигури на марионети интегрирани помеѓу себе во претходно креирана околина. Марионетите имаа арматура во себе со која се овозможува нивно правилно држење како и можност за нивно движење во одредени зглобови.

Глинена анимација или анимација од пластелин користи фигури направени од пластелин, глина или слични на нив материјали со цел креирање на Stop-motion анимација. Фигурите може да имаат соодветна арматура или рамка направена од жица поставена во внатрешноста на фигурите и слично на марионетите, фигурите можат да бидат манипулирани со цел поставување во потребната положба. Истот така фигурите можат да бидат направени само од глина каде што исите може да се преобразуваат од една во друга форма.

Силуетна анимација е вид на stop-motion анимација креирана со движење на дводимензионални делови од различни материјали како: хартија, облека и сл. Во овој вид на анимација најчесто силуетите се добиваат со задно осветлување на дводимензионалните фигури.

Модел анимација е вид на stop-motion анимација во која што фигурите кои се предмет на анимација кореспондираат или се поставени во реални ситуации со живи актери.

Графичка анимација е направена од фотографии, исечоци од весници, списанија итн.) кои се понекогаш манипулирани кадар по кадар со цел да се направи илузија на движење.
Компјутерска анимација
Овој вид на анимација вклучува различни техники за кои заедничко е тоа што анимацијата е направена дигитално на компјутер.
Во овој вид на анимација спаѓаат 2Д анимацијата и 3Д анимацијата.
2Д анимираните фигури се направени на компјутер со користење на 2Д векторски графики или 2Д битмап графики.
3Д анимациите се дигитално моделирани и манипулирани од страна на автор аниматор. Со цел да се манипулира со овој вид на фигури на истите им е дадена дигитална структура на скелет со чија помош се контролираат движењата. Различни техники можат да бидат применети како на пример математички функции, симулации на кожа и коса, ефекти како оган и вода. Многу од 3Д анимациите се многу реалистични и често пати се користени како визуелни ефекти во денешните филмови.

Секоја анимација има почетна и крајна точка на временската оска. Почетната и крајната точка се нарекуваат клучни кадри. Сите слики помеѓу клучните кадри се варијации со кои се премостува разликата меѓу почетната и крајната слика.

Првиот клучен кадар е почетната слика. Вториот клучен кадар се одредува во зависност од времетраењето на анимацијат. Ако користите стандардни 12 слики во секунда, а сакате да направите анимација со времетраење од 3 секунди, клучниот кадар ќе го поставите на 36та слика.


Wednesday, March 4, 2015

GIMP Вежба 5

СЛОЖУВАЛКА

1. Отвори слика во GIMP

2. Направи нов слој – Тип на пополнување - Бела

3. Ова ќе го добиеш на екранот

4. Избери Филтри-Рендерирај-Шаблони-Jigsaw. Броја на делчиња вертикално 4, Стил-закривено

5. Ова ќе го добиеш на екранот

6. Уреди-копирај. Избриши го овој слој. Додади маска на слојот – Бела.

7. Уреди-вметни.

8. Вкотви ја пловечката селекција.

9. Со алатката за повеќекратно избирање кликни да еден дел од сложувалката. Внимавај да биде селектирана маската.

10. Уреди-исечи.

11. Ова ќе го добиеш на екран.

12. Уреди-вметни.


13. направи ја пловечката селекција нов слој.

14. Премести го делот, ротирај го по желба и додај му сенка со избирање Филтри – Светлина и сенка – Сенка. Смени ја вредноста на Изместување X на 25.

15. Постапката повтори ја неколку пати.

16. Зачувај ја сликата како .jpg

Tuesday, March 3, 2015

GIMP-вежба 4

РЕТРО

1. Копирај слика од http://pics4learning.com и вметни ја како нова слика во GIMP
 
2. Избери-Бои- Осиромаши-Одзаситување

3. Избери Бои-Баланс на бои-постави вредности како на сликата-Црвена:48, Сина:-82
4. Зачувај ја сликата како .jpg 


GIMP-вежба3

Направи фотографијата да изгледа како стрип
 1. Копирај слика од http://pics4learning.com и вметни ја како нова слика во GIMP















2.  Направи дупликат на слојот.















3.  Избери Филтри-Уметнички-Фотокопија















4. Избери Слоеви-Режим-Вредност















5. Десен клик на првиот слој – Израмни слика















6.  Зачувај ја сликата како .jpg








Monday, March 2, 2015

Задача за портфолио за втора година - Gimp – Колаж


Задача за портфолио за втора година - Gimp – Колаж


Задачата се состои од следново:
Направи фотографија, која ќе ја ставиш во позадина.
Исечи делови од 5 други фотографии и вметни ги како слоеви.
Обработи ја фотографијата со техниките кои ги работевме на часовите.
Стави наслов на колажот со помош на алатката за текст, напиши го твоето име, презиме, паралелка и датум на изработка.
Зачувај ја сликата како .jpg.

Tuesday, February 24, 2015

GIMP вежба 2


ЦРНО-БЕЛО ВО БОЈА :)

1. Копирај слика од http://pics4learning.com и вметни ја како нова слика во GIMP




2. Направи дупликат на слојот




3. Од менито одбери Бои-Осиромаши



3. Од менито одбери Слој-Маска-Додај маска на слојот

4. Одбери ја алатката четка





5. Обиди се што попрецизно да поминеш со четката преку делот од сликата на кој сакаш да му ја вратиш бојата


6. Најдобро се работи ако ја зумираш сликата


7. Кога ќе завршиш, десен-клик на слојот во боја-Израмни слика


8. Сега зачувај ја сликата со наставка .jpg


9. Ова е готовата слика.



Friday, February 13, 2015

GIMP вежба1

GIMP Вежба 1

1) Oтвори ја програмата  GIMP.
2) Оди во File  менито и кликни New.
3)Кога ќе се отвори дијалог прозорецот постави ги димензиите на сликата на 640 x 480 pixels. Кликни OK.
4) Употреби ја Paint Brush алатката  за да нацрташ некои основни облици.
Твојот цртеж треба да содржи:
Барем три различни бои
Барем две различни димензии на четката
Барем две едноставни форми
5) Употреби ја Paint Brush алатката  за цртање прави  линии со држење на Shift копчето. Нацртај две прави линии со различна боја.
6) Потоа употреби ја Paint Brush алатката со Shift копчето за да направиш граница околу твојот цртеж. Притоа, не мора да црташ прави линии, направи цик-цак линија или нешто интересно.   
7) Зачувај го цртежот.
8) Сега избери ја Clone алатката и употреби ја за да клонираш дел од твојот цртеж. Таа се користи на следниот начин: селектирај ја алатката,  со држење на копчето ctrl и притиснат лев клик, избери го делот од сликата кој сакаш да го клонираш. Потоа пушти го копчето ctrl  и со притиснат лев клик пренеси го клонот на саканата позиција.

9) Оди на http://pics4learning.com. Одбери слика по твоја желба и со помош на Clone алатката отстрани две нешта од сликата.Зачувај ја сликата во документ во writer, пред и потоа , за да се види разликата.   

Tuesday, February 10, 2015

Мултимедија и компјутерска графика. Основни поими.

Мултимедија е начин на прикажување на одредена содржина со истовремено користење на текстови, слики, звуци, видео клипови и музика.
Мултимедијалните компјутерски програми имаат содржина која е комбинација од текстови, слики, фотографии, звуци, анимации,видео клипови и линкови.
Фајлот кој е креиран од звучни податоци се вика звучен или аудио фајл.
Аудио фајловите по својата содржина се звуци или песни. Најчести
формати на аудио фајлови се: WAV, OGG, MID, MP3, WMA, CDA и други.

Фајлот кој е креиран од видео податоци се вика видео фајл. Видео фајловите по својата содржина се видео клипови или филмови. Најчести
формати на видео фајлови се: MOV, WMV, DIVX, AVI, MPEG, MPG и други.
 
Под слика се подразбира цртеж – слика што е цртана, или фотографија – слика што е создадена со фотоапарат.

Изработката, обработката и доработката на слики со компјутер се нарекува компјутерска графика.

Што е резолуција?

Компјутерските слики се составени од мрежа од мали квадратчиња наречени пиксели (pixel). Секој пиксел може да биде со
различна боја, со што се создаваат слики.
Бројот на пиксели на единица должина се нарекува резолуција.

Квалитетот на компјутерската графика зависи од резолуцијата. На следнава слика е прикажан ист цртеж со различни резолуции.


Кога резолуцијата е повисока, квадратчињата се поситни и сликата е појасна и поквалитетна. Кај сликите со висока резолуција
квадратчињата се толку ситни што воопшто не се забележуваат и наместо за квадратчиња обично зборуваме за точки.

Компјутерските слики можат да се зачуваат на компјутерот во различни формати. Форматот на сликата најчесто зависи од програмата во која е
изработена. Но може и самиот корисникот да ја зачува на сликата во различни формати.
Најпознати формати на слики се следниве:
♦♦ bmp – користи неограничен број бои, но зафаќа многу простор на дискот;

♦♦ gif – користи до 256 бои и зафаќа помалку простор на дискот;

♦♦ jpg – користи неограничен број бои, зафаќа најмалку простор на дискот, но сликите се со намален квалитет.

Програмите за компјутерска графика можат да бидат наменети за цртање, за обработка на готови фотографии, за анимација, за 3Д-графика итн.
Најпознати програми за компјутерска графика се: Paint, Photoshop, CorelDRAW, Flash и други.

Под оперативниот систем Edubuntu за цртање се користат програмите GIMP и OpenOffice.org Draw.

Типови на компјутерска графика

1) 2D И 3D ГРАФИКА

Компјутерската графика може да биде 2D - дводимензионална или 3D -тродимензионална. Тродимензионалните слики имаат сенки и ефекти кои
ги прават реални, за разлика од дводимензионалните.

2) Компјутерската графика може да биде:
• бит мапирана графика и
• векторска графика.

Постои разлика помеѓу овие два типа на графика, но секој тип има свои предности и недостатоци.

БИТ-МАПИРАНА ГРАФИКА

Бит мапираните слики може да се замислат како мапа од квадратчиња - точки, т.е. пиксели. Бројот на точки-пиксели може да биде со стотици, илјадници, милиони.
и тие се видливи само ако сликата е зголемена.
Бојата на секоја точка во сликата може да се менува и на тој начин многу прецизно може да се создава, менува и поправа изгледот на битмапираната слика.

Вежба; Во програмата Paint нацртај 5 пиксели и обои ги во различни бои.
Помош: Искористи ја алатката за зголемување(зумирање) и со користење на моливчето обележи 5 различно обоени точки. Секоја ваква точка претставува пиксел.

ВЕКТОРСКА ГРАФИКА

Векторските слики се креирани од голем број точки, линии и полигони, кои се дефинирани со посебни математички формули.
Затоа промената на изгледот на векторските слики се прави потешко затоа што е тешко да се менува изгледот на големиот број објекти.

Но затоа пак, векторските слики можат лесно да се зголемуваат и смалуваат без да изгубат од својот квалитет.
Програми за работа со векторска графика се Adobe Illustrator, Corel Draw, Adobe Flash и др.
















Квиз