Tuesday, March 3, 2026

Блогови 2026

Која е твојата боја денес


Пополни го следниот формулар: 


Формулар

Нумерирање на страни за проектна задача

Објаснување како се нумерираат страниците на проектна задача, почнувајќи од третата страна.

Видео

Wednesday, November 5, 2025

Tuesday, September 30, 2025

Задачи за конверзија

 Задачи за конверзија

1. Еден текст документ зафаќа 2048 бајти. Колку килобајти е тоа?

2. Слика зафаќа 3 KB меморија. Колку бајти е тоа?

3. На USB стик од 4 GB сакаш да зачуваш програма која зафаќа 512 MB. Уште колку MB остануваат слободни?

4. Еден ученик симнал песна со големина од 6 MB. Колку килобајти зафаќа песната?

5. Една игра зафаќа 2.5 GB меморија. Колку бајти се тоа?

6. Имаш филм со големина 1.2 GB. Ако секоја епизода од серија е по 300 MB, колку епизоди се еднакви на големината на филмот?

7. Еден хард диск има капацитет од 500 GB. Ако од нив 120 GB се веќе искористени за програми и документи, колку MB слободен простор останува?

8. Еден клауд сервис ти нуди 1 TB бесплатен простор. Ако ти се потребни 250 000 MB, колку GB ќе искористиш и колкав простор ќе остане?

Wednesday, March 5, 2025

 Учење во дигиталниот свет

ПИСА тестирање

линк

Примери од претходни ПИСА тестови

линк


Tuesday, October 22, 2024

Cody Roby ChatBot

 Научи како се игра CodyRaby низ разговор со ботот.

Cody Roby ChatBot

Monday, October 21, 2024

EU Code Week по петти пат во СОУ „Нико Нестор“ - Струга

Мото: Знаењето е како љубовта – колку повеќе го споделуваш, толку повеќе го имаш.


Активности 2024

Tuesday, March 6, 2018

Наставен лист - BMI


Што е BMI?
Индексот на телесната тежина (Body Mass Index - BMI) е број што се пресметува од висината и телесната тежина на една личност. BMI е веродостоен индикатор за дебелината кај луѓето. Истражувањата покажале дека BMI е во корелација со директните мерења на телесните масни наслаги, па може да се смета како алтернатива за нивно мерење.

Како се пресметува?

BMI се пресметува на ист начин и кај возрасни и кај деца според следната формула:
BMI = тежина(кг)/[висина(м)*висина(м)]

Интерпретација на BMI кај возрасни

Кај лица на возраст од 20 години и постари, BMI се интерпретира со примена на стандардните категории на тежински статус кои се исти за сите возрасти, и кај мажи, и кај жени. Стандардната категоризација на тежинскиот стаус поврзан со BMI ранговите за возрасни се прокажани во следната табела:
BMI
Тежина
Под 18.5
Под нормална
18.5 - 24.9
Нормална
25.0 - 29.9
Прекумерна
30 и повеќе
Преголема

1. Нацртај блок дијаграм и напиши програма во C++ за пресметување на BMI.
2. Тестирај ја програмата.




Monday, December 11, 2017

Задача за портфолио С++ за втора година 2017/2018

АКТИВНОСТ ЗА ПОРТФОЛИО:


План на задачата

а) Идентификувај проблем од секојдневието кој може да се реши со компјутерска програма со примена на најмалку 3 кориснички функции.

б) Опиши го проблемот:

Објасни на кој начин работи твојата програма, преку опис на влезот, обработката и излезот на податоците.

Влезни податоци:


Обработка на податоците: Кои операции ги извршува програмата врз влезните податоци.

Излезни податоци:

Опис на функцијата: име на функција, тип на функција, влезни формални аргументи, излез, што работи функцијата.

в) Испечати го кодот.

г) Обележи ги местата во кодот кадешто е употребен:
  • Функциски прототип
  • Повик на функција
  • Дефиниција на функција
д) Испечати слики од екранот кадешто е прикажано извршување на програмата за различни вредности и резултатот кој притоа се добива.

ѓ) Пополни го документот за рефлексија.


АКТИВНОСТ ЗА ПОРТФОЛИО: Рефлексија


Име и презиме _______________________Паралелка ______ Датум_______________

Одговори ги следните прашања детално и со наведување конкретни примери.

Проект

а) Што научи од овој проект?

б) Кои знаења и вештини сметаш дека се највредни?

в) Што би изменил во врска со овој проект?

г) Дали успеа да направиш продукт каков што посакуваше? Зошто или зошто не?

д) Како го организираше своето време. Како би можел да се подобриш?

ѓ) Што научи за себе (етичко работење, мотивација, креативност итн.)?


Оцени во која мера се согласуваш со наведените тврдења:

1 = воопшто не се согласувам
2 = делумно не се согласувам
3 = неопределен
4 = делумно се согласувам
5 = целосно се согласувам



Оцена (1-5)
Со задоволство работев на оваа задача.


Работејќи на задачата стекнав нови знаења.


Ги подобрив своите способности за планирање на времето.


Согледав како стекнатите знаења можам да ги применам во иднина.


Се подобри мојот став во однос на програмирањето.





Вкупно:




  

Thursday, March 19, 2015

GIMP-анимација-вежба1

ПАЃАЈ ПАЃАЈ БЕЛО СНЕЖЕ

1. Отвори слика во GIMP


2. Дуплирај ја сликата најмалку 7 пати


3. Исклучи ја видливоста на сите слоеви освен на оној на кој моментално работиш.


4. Со алатката четка нацртај снегулки на сликата.


5. Постапката повтори ја на секој од слоевите.


3. Зачувај како анимиран gif.


Блогови 2026