Што е
BMI?
Индексот на телесната тежина (Body Mass Index -
BMI) е број што се пресметува од висината и телесната тежина на една личност.
BMI е веродостоен индикатор за дебелината кај луѓето. Истражувањата покажале
дека BMI е во корелација со директните мерења на телесните масни наслаги, па
може да се смета како алтернатива за нивно мерење.
Како се пресметува?
BMI се пресметува на ист начин и кај возрасни и кај деца според
следната формула:
BMI = тежина(кг)/[висина(м)*висина(м)]
Интерпретација на BMI кај возрасни
Кај лица на возраст од 20 години и постари, BMI
се интерпретира со примена на стандардните категории на тежински статус кои се
исти за сите возрасти, и кај мажи, и кај жени. Стандардната категоризација на
тежинскиот стаус поврзан со BMI ранговите за возрасни се прокажани во следната
табела:
BMI
|
Тежина
|
Под 18.5
|
Под нормална
|
18.5 - 24.9
|
Нормална
|
25.0 - 29.9
|
Прекумерна
|
30 и повеќе
|
Преголема
|
1.
Нацртај блок дијаграм и напиши програма во C++ за пресметување на BMI.
2.
Тестирај ја програмата.