Оперативен систем

Најважната програма на секој компјутер е оперативниот систем.  

Оперативниот систем е огромна програма составена од многу мали програмчиња кои ја контролираат комуникацијата на централната единица (CPU) со другите компоненти.
 

Истотака, ОС им овозможува на луѓето коишто не знаат програмски јазици да работат на компјутер. Со други зборови, оперативниот систем го прави компјутерот user friendly. 

RAM и ROM меморијата се многу важни за оперативниот систем. Дел од ОС е вграден во ROM меморијата. Тој дел ги содржи најзначајните програми кои му се потребни на компјутерот за да може исправно да работи. Овој дел се вика BIOS (Basic Input Output System).
 

BIOSот е задолжен за будење на компјутерот, кога ќе го вклучите да се потсети на сите делови коишто ги има и нивната намена. 

Оперативниот систем има и други многу важни програми, но без нив компјутерот може да работи. Делот од ОС кој ги содржи тие програми е сместен на хард дискот и се вчитува во RAM меморијата секогаш кога ќе се вклучи компјутерот. Овој дел е познат под името DOS (Disk-based Operating System).

Различни произведувачи на компјутери користат различни оперативни системи.
Најпознат оперативен систем наменет за персонални компјутери е WINDOWS, кој е производ на фирмата Microsoft.
 

WINDOWS е графички оперативен систем т.е. има GUI (Graphical User Interface) кој користи графика или сликички за да им овозможи на корисниците олеснета навигација низ компјутерскиот систем.


Оперативните системи постојано се подобруваат или надградуваат како што се развива технологијата. Кога компанијата смета дека оперативниот систем е доволно унапреден во однос на претходната верзија, ја пуштаат новата верзија во продажба. Корисниците тогаш можат да го надградат оперативниот систем кој веќе го имаат со новата верзија. Надградбата не влијае на ROM оперативниот систем(BIOS).

Појаватa на WINDOWS одигра голема улога во компјутерската револуција. WINDOWS со својот user friendly интерфејс им овозможи на луѓето да научат да ги користат компјутерите без некоја посебна обука.


WINDOWS

Сопственик на оперативниот систем Windows е фирмата Microsoft.
Верзии на Windows се:
Windows 95, Windows 98, Windows Me, Windows NT, Windows 2000, Windows XP, Windows Vista, Windows 7, Windows 8.
Windows е најпопуларниот оперативен систем за PC.

MAC OS X

Сопственик на оперативниот систем Mac OS X е фирмата Apple.
Верзии на Mac OS X се Jaguar, Tiger, Panther и Leopard.
Овој оперативен систем го користат Macintosh персоналните компјутери, иако тој може да работи и на PC.


LINUX

Креатор на LINUX е финецот Линус Торвалдс во 1991 год.
Лого на оперативниот систем е пингвинчето Такс.
Овој оперативен систем е отворен за промени од корисниците и има бесплатни верзии на CD-a или со можност да се симнат од Интернет.
Оперативниот систем Linux станува сè попопуларен меѓу корисниците на персонални компјутери. Постојат различни верзии (дистрибуции) на овој оперативен систем:
Ubuntu, Edubuntu, RedHat, SuSe, Mandriva и др.
 

UNIX

UNIX е моќен оперативен систем кој често се користи за работа на сервери, но и на персонални компјутери. Тој е најстариот оперативен систем кој сè уште е во широка употреба.
Постојат различни верзии на овој оперативен систем кои се развивани од различни фирми сопственици:
Unix Ware, Solaris и др.

Linux оперативниот систем е создаден според изгледот и функционалноста на UNIX.
 

Карактеристики на оперативните системи

На еден компјутер може да се инсталираат повеќе оперативни системи и тогаш корисникот може да избере со кој од нив ќе работи.

Денешните оперативни системи се повеќекориснички оперативни системи (multi user OS).
 

Тие овозможуваат на еден компјутер во различно време да работат различни корисници со свои програми и податоци (своја околина).
Секој корисник се најавува на оперативниот систем со свое корисничко име (user name) и лозинка (password).


Денешните оперативни системи се мултитаскинг оперативни системи (multi tasking OS ).

Тоа значи дека овозможуваат компјутерот да извршува повеќе програми истовремено.

На пример, корисникот може да пишува
или црта во некоја програма и во исто
време да слуша музика со друга програма.

Корисникот може да работи со
оперативните системи на два начина:
• Со командна линија: корисникот ги испишува наредбите до компјутерот
во вид на текстови преку тастатура. Ова е посложен начин на работа.


• Со графика (слики): при графички начин на работа програмите и
наредбите се прикажани и се избираат од екранот најчесто со глувче. Работата со графички оперативен систем е многу поедноставна.
Ние ќе учиме и работиме само со графички оперативни системи.

Квиз