Софтверот може да се подели на две главни групи и тоа:
системски програми (управуваат со работата на компјутерот)
- оперативни системи
- контролни програми
- услужни програми
апликативни програми или апликации(наменети за извршување на некоја работа)
Програма е множество од инструкции (наредби) кои му кажуваат на компјутерот како да изврши одредена задача.
На пример, твојата омилена компјутерска игра е програма. За да знае компјутерот како да ја игра играта, најнапред таа мора да се инсталира(најчесто од CD).
Инсталирањето значи дека ги копираш инструкциите од CDто на хард дискот на твојот компјутер. Програмите можат и да се симнат (download) од интернет директно на хард дискот.
Постојат многу видови компјутерски програми. Тие се групирани според задачата која ја извршуваат.
Еве неколку вообичаени видови компјутерски програми и примери за нивна употреба:
- обработка на текст - пишување писмо, есеј, приказна
- бази на податоци - адресар, ученичка евиденција
- табеларен пресметувач - изработка на графикони
- забава - игри
- електронско издаваштво - креирање роденденски картички, весници итн.
Програмите му даваат инструкции на компјутерот на јазик којшто тој го разбира (бинарен броен систем т.е. 0 и 1)
Замислете колку би било тешко да му издиктирате текст некому кој зборува друг јазик. Би можеле, се разбира, да го научите тој јазик, но тоа би траело со години. Најлесниот начин би бил да најдете преведувач.
Програмите всушност се еден вид преведувачи кои им овозможуваат на луѓето да работат на компјутер без да го научат машинскиот јазик (јазикот на компјутерот).
ВЕЖБА
Која програма ќе ја искористиш за извршување на секоја од наведените задачи.
1. Креирање роденденска картичка за пријателот.
2. Барање информации за пирамидите.
3. Изработка на лого за фирмата на твоите родители.
4. Пишување автобиографија.
5. Креирање училишен весник.
6. Разговор со вујче од Америка.
7. Пресметување просечен успех на твојот клас.