Слободен софтвер. Пробна верзија. Лиценциран софтвер.

Слободен софтвер (англиски: Free software) е софтвер што може да се користи, проучува и изменува без ограничувања, и што може да се копира и редистрибуира во изменета или неизменета форма без ограничувања или со минимални ограничувања.
Прво мало објаснување за компјутерскиот софтвер. Програмерите на софтвер креираат компјутерски програми со пишување текст наречен 'изворен код' во специјализиран јазик. Овој изворен код најчесто механички се преведува во формат кој компјутерот може да го изврши. Се додека програмата не треба да се смени на корисниците не им е потребен изворниот код. Сепак, за да може да се смени она што програмата го прави, потребно е поседување на изворниот код и дозвола да се промени изворниот код. Корисниците кои го немаат изворниот код, не можат да ја променат програмата за таа да ги задоволува нивните (нови) потреби, ниту да исправат евентуални грешки - багови во програмата. Исто така не можат истата да ја пренесат на друг вид на компјутер.
"Слободниот софтвер" е прашање на слобода, не на цена. Слободниот софтвер е прашање на слободата на корисниците да го користат, копираат, дистрибуираат, изменуваат и подобруваат софтверот.
Софтверот со отворен код генерално се дели во две категории: оној кој има за цел да се зачува отвореноста на софтвер сам по себе ( copyleft лиценци), и оној кој има за цел да им даде слобода за корисниците на тој софтвер.
Еден пример на copyleft лиценца за слободен софтвер е ГНУ-овата Општа јавна лиценца (GPLgeneral public licence). Оваа лиценца се стреми кон давање на крајниот корисник дозвола да се редистрибуира, подобрува, или на друг начин да се менува софтверот под условите на лиценцата. Сите модификации направени и дистрибуирани од страна на крајниот корисник мора да го содржат изворниот код. Пример за ваков софтвер е оперативниот систем linux.

Пробна верзија на софтвер е софтверот дистрибуиран или слободен за превземање со ограничувања. Тие ограничувања може да бидат: временски – најчесто 30 или 60 дена за користење на софтверот, а потоа треба да се плати за да му бидат овозможени додатни функции, или ограничени можности на софтверот (опции во антивирусна програма, ограниченост на нивоа во игри, ограничен број на изработени документи со соодветнот софтвер). За заштита на интересите продавачите имплементираат посебни функционалности кои се во состојба целосно да се оневозможи на програмата по дозволено период на користење. Понатамошна употреба е овозможена само со внесување на точни информации за регистрација или активирање од страна на веб страницата на компанијата.

Со софтверската лиценца (или софтверска лиценца во Комонвелтот употреба) правно се регулира користењето или дистрибуцијата на софтверот. Секој софтвер е со заштитени авторски права. Договор на доверливост е уште еден начин за заштита на софтверот. Типичната софтверска лиценца на крајниот корисник му дава дозвола да се користи една или повеќе копии на софтверот на начин каде што таква употреба потенцијално не претставува кршење на авторските права на сопственикот според законот за авторски права.
.Бесплатен софтвер или фривер (англиски: Freeware) е компјутерски софтвер кој може да се користи без никакво плаќање, или пак со донација по волја. Бесплатниот софтвер (фриверот) се разликува од времено-пробниот софтвер (шервер). Единствениот критериум за еден програм да се смета за „бесплатен“ (или „фривер“) е дека тој мора да биде наполно функционален и временски неограничен, а при тоа да нема цена на чинење (парична или поинаква). Лиценцата на софтверот може да наложи ограничувања за видот на употреба како лична употреба, индивидуална употреба, непрофитна употреба, некомерцијална употреба, академска употреба, комерцијална употреба или било каква комбинација од наведеното. На пример, лиценцата може да биде „слободна лична, некомерцијална употреба“.