Во
1972 година во лабораториите „AT&T Bell
Labs“ е дизајниран јазикот С. Автор на
овој програмски јазик е Денис Ричи.
Во
1980 година во програмскиот јазик С се
додадени можности за работа со т.н.
класи.
Таа верзија на С е наречена „С
со класи“.
Понатамошниот
развој на оваа верзија во 1983 довело до
нов јазик кој е наречен С++.
С++ е јазик за
објектно програмирање.
Автор на С++ е Бјарне Штроструп.
Денес
С++ е еден од најкористените јазици за
изработка на програми од различни
видови.
Елементи
на јазикот С++
Јазикот
С++ има своја азбука, која е множество
на дозволени симболи. Азбуката на С++ се
состои од:
- малите букви од абецедата: a – z
- големите букви од абецедата: A – Z
- цифрите: 0 – 9
- специјалните знаци: ! @ ~ # $ % ^ & * ( ) - + = { } [ ] : ; ' “ < > ? /
Со
дозволените симболи се формираат зборови
кои можат да бидат:
- клучни зборови
- константи
- имиња (идентификатори)
- оператори
Посебен
вид симболи се одделувачите (сепаратори),
со кои се одделуваат зборовите еден од
друг:
- празно место
- нов ред
- табулатор
Податоци
во С++
Со
програмските јазици можат да се
обработуваат различни типови податоци:
цели броеви, реални броеви, знаци,
текстови итн. Велиме дека се тоа податоци
од различен тип.
Секој
податок ги има следните карактеристики:
- име
- тип
- вредност
Имињата
(идентификаторите) на податоците се
формираат според следните правила:
- името започнува со буква или подвлечена црта ( _ )
- малите и големите букви се разликуваат
- името може да содржи цифри
- името не смее да содржи специјален знак
- не смее да биде резервиран збор
Пример
за правилно напишани имиња:
a,
Razlika, i2j3, _ime, perimetar, R, _char, NeMiSeUci
Неправилно
напишани имиња:
5_ка,
$dolar#i, char, “suma
Постојат
две основни групи на типови:
- основен тип
- апстрактен тип
Основни
типови податоци:
скаларни
типови
аритметички
целоброен int
реален
со обична точност float
реален
со двојна точност double
знаковен char
наброив
покажувач
референца
низа
Апстрактни
типови податоци:
класа
структура
унија
Аритметичките
типови на податоци имаат и подтипови,
на пример: short int, int, long int, unsigned short int итн.
Зборовите
long, short, signed, unsigned се викаат спецификатори.
Тие го менуваат начинот на интерпретирање
на податоците кај основните типови.
Секоја линија во програмата претставува исказ,
а исказот претставува инструкција за работа на компјутерот.
а исказот претставува инструкција за работа на компјутерот.
Секој исказ во С++ завршува со знакот ;